На главниот пат кој минува низ Крушево и води од влезот на градот кон локалитетот “Гумења”.
Куќата во која се сместени апартманите се наоѓа на левата страна од патот, на дваесетина метри над жичарницата и на 5 минути пешачење од центарот на градот.
Веднаш до родната куѓа на еден од најпознатите македонски сликари – импресионисти, Никола Мартиноски.
· Каде се наоѓа Крушево?
Крушево се наоѓа во централниот дел на западна Македонија, на 1.250м надморска висина, на југоисточните падини на Бушова планина.
Терените за скијање се наоѓаат на 1.380м надморска висина, со северо-западна ориентација.
· Пристап кон Крушево
– од
Скопје
- преку Велес и Прилеп (160 км), или
- преку Тетово, Гостивар, Кичево, (164 км)
– од
Гевгелија
- преку Неготино, Кавадарци, Прилеп (160 км)
– од
Охрид
- преку Кичево и Демир Хисар (150 км), или
- преку Ресен, Битола, Демир Хисар(120 км)
Скопје се наоѓа на централна позиција на Балканот, на автопатот Е75.
· Најблиски аеродроми
- Скопје 150км,
- Охрид... .120км,
- Солун.... 240км
Аеродромот во Скопје е поврзан со сите поголеми центри во Европа, директно, или преку блиските аеродроми во регионот (Белград, Будимпешта, Загреб, Љубљана, Цирих, Виена, Истанбул).