НАШИТЕ АПАРТМАНИ
Осмислете активен зимски одмор на благите падини за скијање на „Станич“, идеални за младите скијачи, прошетки на пролетното и есенско планинско сонце, вратете се во историјата на револуционерното минато на Крушево и Османлиското цартво, во тек на летната манифестација „Крушево етно град “ или едноставно, уживајте во чистиот планински воздух, зелените падини и автентичната староградска атмосфера и архитектура.
ОПРЕМЕНОСТ НА АПАРТМАНИТЕ
VINCE АПАРТМАНИ
Контакт телефони: +389 70 364 515
+389 76 408 909
Адреса: Таќа Бербер 18а,
7550 Крушево, Република Македонија
Е-маил:
|
|
MЕСТА ЗА ПОСЕТУВАЊЕ ВО КРУШЕВО
Крушево е еден од помалите градови во Македонија, но сепак изобилува со интересни места и знаменитости. Спомениците, манастирите, излетничките места се од дел можностите кои ги нуди Крушево и кои вредат се видат...
· Музеи
- Музеј на Илинденското востание
- Музеј од НОБ
- Спомен куќа на Тоше Проески ( во изградба)
- Леарницата
- Галерија Мартиновски
- Изложба „Крушевска Одаја” ( во тек на прославите поврзани со „Илинден”)
|
 |
 |
· Споменици
- Споменик на Питу Гули
(Под Хотелот Илинден)
- Споменик на Никола Карев
(На локалитет Гумења)
- Споменик на паднатите борци
(локалитет Мечкин Камен)
|
 |
 |
· Излетнички места
- Слива
- Гума
- Кипрово
- Вештачко езеро Крушево
|
 |
 |
· Локалитети
Центарот на градот со старата чаршија со автентичните занаетчиски работилници и кафеани.
- Гумења – Споменикот Македониум во кој е сместен гробот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев
- Гробот на Тоше Проески - Спомен куќа на Тоше Проески (во изградба), (На локалитет Гумења)
- Музеј од НОБ, Споменик на Никола Карев - (локалитет)Гумења)
- Мечкин Камен – Споменик на паднатите борци - едно од најпознатите природни стартови на Балканот и во Европа за параглајдерство
|
 |
· Цркви и манастири
- Црква Св.Јован - Црквата Св. Јован, со познатиот дрвен иконостас од почетокот на ХХ век кај крушевчани позната е како „Влашка “ црква. Изградена е 1904 г. и е најсочуван сакрален објект кој се наога во центарот на градот.
- Св.Троица - Изградена е во1881година и се наоѓа на периферијата на градот во близина на хотел “Монтана”, во Ѓупското маало. Св. Троица е опожарена во Илиндеското востание, но набрзо потоа е обновена.
- Света Богородица - Црквата Св. Богородица 1867 г. е голема еднокорабна градска црква, градена од обработен камен.
- Манастирот Свето Преобразение - Изграден на 8 км од Крушево, Големата македонска поп звезда, Тоше Проески го иницирал, во значителен дел го финансирал и лично учествувал во обновувањето на овој манастир. Од март 2010 ќе биде поставен телескоп насочен кон звездата која го носи неговото име.
- Црквата на манастирот Св. Спас во близина на Крушево е изградена 1826г. и се наоѓа на 600 м. надморска височина и има идеални климатски услови.
- Св.Никола била изградена 1832г., таа доминира во просторот на чаршијата која е со уситнета структура. За време на Илинденското востание во 1903 г. црквата како и голем дел од централниот дел на градот е изгорен и разрушен, а обновена е во 1905 г.
|
 |
|
|